ВИДЕО: Палачинки од три состојки што мора да ги пробате

Овие палачинки од три состојки едноставно мора да ги пробате. Палачинките се едни од најпопуларните десерти во целиот свет. Подготовката на тестото се разликува само во ситници, а се менуваат додатоците.

Некои сакаат плачинки со мармалад, некои со еурокрем или со шеќер, некои со свежо овошје, ореви, а популарни се и во солена верзија.

Палачинки од три состојки што мора да ги пробате
Палачинки од три состојки што мора да ги пробате

Сепак, овој едноставен рецепт за палачинки со три состојки вклучува ставање овошје на самата смеса, а за одличен вкус потребно е само да помешате три состојки – банана, јајца и цимет. По желба може да се прелија и со сируп.

Со оглед на тоа дека станува за сосема едноставен рецепт, дури и кулинарските аматаери може да се обидат да ги подготват овие едноставни палачинки од три состојки. Погледнете го видеото!