-Заканите и палењето на возила во Прилеп покажуваат дека во оваа земја подземјето и власта се во коалиција. Како поинаку да се толку фактот што наместо вистинските организатори и поттикнувачи на овие акти на закана, се апсат тривијални ликови.
Палењето на три возила запомалку од еден месец, меѓу кој и возилото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој јавно кажа дека е против бугарските ултиматуми, покажуваат дека во државата владее беззаконие кое Спасовски го телерира, па дури и го стимулира.
Полицијата за жал се претвори во нем сведок на криминалот кој владее со земјата. Тоа е така затоа што некои високи функционери ги мотивираат криминалците да прават дела против оние кои размислуваат поинаку од власта, а за возврат добиваат заштита.
Ова ќе престане, а извршителите и нарачателите на ваквиот криминал ќе одговараат. Нема Македонија да биде заложник на оваа криминална власт и нивните пријатели од подземјето, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.