Денеска (07.08.2021) од страна на полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода три лица, поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05:28 часот било пријавено дека настанал над с.Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.
Полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли.
Лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници.