Египет сака со Појасот Газа да владее Палестинската самоупраа, но смета дека е прерано да се разовара за поединости за иднината на енклавата, изјави во четвртокот египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Вашингтон пред состанокот со шефовите на дипломатиите на арапските колеге и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петок.
САД се залагаат за тоа арапските соседи на Израел да се вклучат во преговориуте за тоа кој ќе управиува со Појасот Газа доколку Израл, кој се повлече од таму во 2005 година успее во настојувањата да го уништи палестинското исламистичко движење Хамас.
Хамас победи на изборите во Газа во 2006 година, но ривалското движење Фатах на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, која владее со другата енклава Западниот брег, поддржан од некои странси земји одби да ја предаде власта па неговите функционери беа насилно протерани.
Сегашната војна избувна откако Израел на 7-ми октомври започна со воздушни и артилериски бомбардирања на Појсаот Газа, како одговор на масивниот и брутален напад од истиот ден на Хамас во јужните израелски бази, градови и кибуци во кои беа убиени 1.200 луѓе од кои три четвртини се цивили. Израелската војска на 27-ми октомври започна со копнена инвазија во енклавата во која досега загинаа над 16.000 луѓе, од кои повеќе од половината се деца и жени.
Шефот на израелската дипломатија Шукри, повторувајќи ги повиците на арапските челници за моментално примирје, рече дека за тоа кој еќе управува со Појасот Газа мора да одлучува палестинскиот народ.
Палестинската самоуправа и Палестинската ослободителна организација (PLO) чиј дел е Фатах, е признаена од меѓународната заедница како легитимен претставник на палестинскиот народ и „би требало да им се даде можност да управуваат со Западниот брег и Појасот Газа“, изјави Шукри во текот на настанот во Цетарот за стратешки и меѓународни студи во Вашингтон.
Египет, инаку, има заострени односи со Хамас кој соработуваше со претходната исламистичка влада во Каиро водена од Муслиманскот братство на поранешниот претседател Мохамад Морси, кој до соборувањето на деценискиот челник Хасни Мубарак во текот на ткн Арапска пролет во 2011 година живееше во егзил во САД.
„Прерано е за дискусии за поединостите во идното управување со Газа, бидејќи е неизвесен исходот од изралеската воена кампања. Мслам дека треба да сочекаме и да видиме кои ќе бидат последиците од оваа воена операција условите во Газа и потоа да се посветиме на политичките односи“, рече Шукри.
Шефот на египетската дипломатија додаде и дека соодветен одговор на меѓународната заедница би бил прво да се повика на запирање на борбите, а потоа да се бара политичко решение за судирот, што всушност е индиректна критика на Вашингтон кои ги отфрла повиците на восппоставување примирје.
„Посакував да го видев примирјето вчера, всушност пред 60 денови“, рече Шукри.