
Иранскиот одмазнички напад врз Израел во неделата наиде на одушевување од многу Палестинци во Појаост Газа како ретка одмазда за израелската инвазија во нивната енклава, иако некои велат дека се сомневаат дека Техеран удрил само за да изгледа опасно, наместо да предизвика вистинска штета.
„Првпат видовме ракети кои не паднаа на нашите територии, туку на окупирана Палестина“, изјавил за Reuters 32-годишниот Абу Абдала, мислејќи на територијата што стана Израел во 1948 година, а не окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим, како и во поментов Појасот Газа.
Многумина во Газа чувствуваат дека се изневерени од нивните блискоисточни соседи откако Израел започна офанзива во која загинаа повеќе од 33.000 луѓе како одговор на нападите на Хамас врз јужен Израел.
„Веруваме дека ако Иран или друга земја влезе во војна, би се решила ситуацијата во Газа“, додал Абдала.
Поддршка за Палестинците дојде од Иран и неговите регионални шиитски партнери кои инаку во минатото водеа дури и судири со сунитскиот исламистичкиот Хамас кој владее со Појасот Газа. Сирија и јеменските Хути го нарекоа иранскиот напад легитимен, а сојузникот на Иран во Либан, Хезболах, го нарече „храбар“.
„Кој ќе се осмели да го нападне Израел во време кога целиот свет работи во негов интерес е херој во очите на Палестинците, без разлика дали ја делиме неговата идеологија или не“, вели 53-годишниот Мајед Абу Хамза.
Снимките од енклавата покажуваат како жителите слават и извикуваат Алах Акбар (Господ е најголем) додека иранските ракети и израелските пресретнувачи го осветлуваат небото.
„Не колеа повеќе од шест месеци и никој не се осмели да направи ништо. Сега Иран, откако беше погоден неговиот конзулат, го возвраќа ударот и тоа носи радост во нашите срца“, додал Хамза.