Палестинците во Газа треба да се преселат во про-Хамас земји, вели Хејли

Во интервју за американските медиуми во четвртокот, кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД Ники Хејли рече дека жителите на Газа треба да ја напуштат енклавата.

„Палестинците требаше да одат на преминот Рафах и Египет ќе се погрижеше за нив. Но, јас секогаш велев дека она што им е потребно на Палестинците е да се преселат во земјите кои го поддржуваат Хамас како Катар, Иран и Турција“, рече таа.

„Зошто Египет не ги сака? Затоа што навистина не знае кој е терорист, а кој не“, тврди Хејли.

„Наместо да му дозволуваме на светот да врши притисок врз Израел, кој е клекнат на колена од најтешкиот масакр по холокаустот, зошто да не разговараме со Египет, Турција, Катар или Иран? Зошто тие не прават нешто за да им помогнат на Палестинците? – праша Хејли.

Членката на Републиканската партија е добро позната по нејзината поддршка на Израел.

„Ако ова и се случи на Америка, мислите дека ние нема да возвратиме?! Каде се пријателите на Газа? Тие се оние кои треба да направат нешто за да ги спасат.„Ова не треба да го засега Израел“, рече таа.