Палестинците жестоко ги осудија плановите на израелските министри за повторна колонизација на Газа

Министерството за надворешни работи на Палестинската национална самоуправа, чие седиште е во Рамала на Западниот брег, остро ги осуди на повиците на израелските министри за повторна колонизација на другата палестинска енклава Појасот Газа.

Во соопштението на палестинското министерство за зборува за „состанокот на колонијалните терористички организации“ во Ерусалим во неделата во врска со конференцијата на министрите на израелската влада.

Министрите од Ликуд, владејачката десничарска конзерватвина партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху, присуствуваа на конференцијата за еврејските доселеници во источен Ерусалим во неделата вечерта.

Меѓутоа, самиот Нетанјаху ги опиша плановите за повторно еврејско населување на Појасот Газа по сегашната војна како нереални.
Министерот за национална безбедност, од крајната десница, Итамар Бен-Гвир на „Конференцијата на победата“ не само што повика на враќање на еврејските доселеници во крајбрежната енклава, којашто сѐ повеќе добива стратешко значење, како и и во селата во северниот дел од Западниот брег, туку и на „поттикнување (Палестинците) да си заминат“.

„Само тоа може да спречи уште еден масакр како оној од 7-ми октомври“, рече Бен-Гвир.

„Овој состанок и неговиот дневен ред повторно го откриваат вистинското лице на израелската десничарска коалициска влада, вклучително и нејзиното отфрлање на мирот како и доследноста во спроведување на окупацијата, колонијализмот и режимот на апартхејд“, се наведува во соопштенеито на палестинското министерство.

Владата на Нетанјаху е директно одговорна за „ваквите потпалувачки повици“, се додава во изјавата.

Министерствоо з авнатрешни работи од Рамал ги повика меѓународната заедница, и посебно најголемиот израелски сојузник – САД, да извршат притисоок врз Нетанјаху за да се запре остварувањето на оваа форма на поттикнување.

Израел по децении окупација и доселување, се повлече од Појасот Газа во 2005 година евакуирајќи повеќе до 20 доселечники еврејски населби. Во 2006 година радикалното движење Хамас победи на палестинските избори во Појасот Газа. Меѓутоа, и откако и следната 2007 година, Фатах на палестиснкиот претседател Махмуд Абас, кој владее со Западниот брег, поттикнат од меѓунардните фактори и Израел одби да ја предаде власта, Хамас насилно ја презема административната контрола над енклавата во која живеат 2,4 милиони жители.

Египет строго ја контролира границата кон Појасот Газа, а Израел по повлекувањето наметна целосна блокада за сите продукти кон енклата од море, копно и од воздух.