Палестинка 67 години полни перници со сопствената коса

Палестинката Езеја Дарагмех во перниците во својот стан речиси седум децении ги чува прамените од сопствената коса во разни бои.

„Ја сакам својата коса и не сакам да ја фрлам. Дури и кога ќе се исчешлам или ќе ја измијам косата, ги зачувувам влакната коишто ќе опаднат. Така е отсекогаш“, вели за Reuters оваа 82-годишна жена којашто живее во местото Тубас на Западниот брег, од реката Јордан.

Прамените отсечена коса започна да ги собира кога имала 15 години.

Во еден момент одлучила со костенливите, црните, белите и поседените прамени да ги исполнува украсните перничиња.

„Господ е голем… сета таа коса е од една глава – мојата“, со нескриена гордост му раскажала на новинарот на Reuters.