Палестински државјанин кој има статус на азилант во земја си заработи притвор бидејќи организирал круимчарење на мигранти.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи соопшти дека 48-годишниот Палестинец А.А. кој има статус на азилант во Македонија си заработи 30-дневен притвор поради круимчарење мигрант.
Пријавениот, како дел од поголема меѓународна криминална група, подолг временски период преземал активности за прифаќање и превезување на мигранти со потекло од блискиот и средниот Исток.
На 26 минатиот месец, по претходен договор со непознати лица од Грција и едно непознато лице од Куманово, организирал прифаќање и транспорт на шест лица – еритрејски државјани, кои од Грција илегално влегле во Р.Македонија, а истите требало да се транспортираат од подрачјето на Гевгелија до кумановскиот регион.
За таа цел телефонски ги ангажирал лицата Б.Г. (41) и Е.А. (44) двајцата од Скопје, кои во организација и добиени инструкции од страна на пријавениот, ги прифатиле мигрантите на подрачјето на Гевгелија и требало да ги транспортираат до кумановскиот регион.
Во Гевгелија на Б.Г. и Е.А. им се приклучил и А.А. со друго возило, по што се упатиле заедно кон Куманово, при што од страна полициска патрола, во близина на Демир Капија, Б.Г. и Е.А. биле запрени и истите биле приведени во ПС Неготино.
Од страна на Регионален центар за гранични работи “Југ“, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против лицата Б.Г. и Е.А., за кривично дело – “криумчарење мигранти“.