Палестинскиот претседател Абас назначи нов премиер

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во четвртокот го назначи Мохамад Мустафа за премиер на Палестинската самуправа (PA), објави во четвртокот палестинската службена новинска агенција WAFA.

Назначувањето на Мустафа доаѓа по зголемениот притисок за реформирање на управното тело на окупираните од Израел палестински територии и подобрување на владеењето на Палестинската самоуправа на втората палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), која е под нов бран репресии на израелските сили и подигнување нови еврејски доселенички населби.

Новиот премиер е назначен да ја води хуманитарната помош и обновувањето на разурнатата во израелската повќе од петмесечна офанзива во Појасот Газа, да ги реформира институциите на Палестинската самоуправа, се додава во информацијата на WAFA.

Мустафа го заменува досегашниот премиер Мохамед Штајах, кој поднесе оставка во февруари заедно со другите министри во неговата влада.

Палестинската самоуправа, во која доминираше политичкото движење Фатах, имаше административна контрола над Појасот Газа до 2007 година, но Хамас победи на општите избори во окупираните територии во 2006 година. Откако Фатах со поддршка на западните земји не сакаше да ја повлече админстрацијата од енклавата, Хамас насилно ги протера претставниците на Палестинската самоуправа и оттогаш ја формира власта во Појасот Газа, додека Фатах и неговата администрација владее со делови од Западниот Брег под израелска окупација.