Албанските националисти, веќе две децении посакуваат во оваа држава да има два Парламенти и две Влади, во која четирите албаснки партии ќе бидат концентрирани во едниот, без разлика кој е квази, а кој законски Парламент, или законска Влада -вели поранешниот претседател на скопската градска организација на СДСМ, Љупчо Палевски.
Тој анализира дека без разлика, што ќе се случи со таква импровизација, се покажува дека личната кариера на Заев да биде премиер на оваа држава, ја става над интересите на СДСМ, партија која, пак, ќе има една голема хипотека во наредниот период, заради таквите непромислени потези.