Палевски: Предмет на тужбата не е политиката на Амбасадата на САД, туку мешањето во политичките процеси во Македонија

Предмет на тужбата што ја покрена „Џудишал Воч“ против Стејт Департментот и УСАИД за нивните активности во Република Македонија, не е политиката на Амбасадата на САД, туку мешањето во политичките процеси во нашата зема. Вака политичкиот аналитичар и поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, Љупчо Палевски, го коментираше скандалот во емисијата „Поенти“ со Гоце Михајлоски на ТВ НОВА.

Во однос на аферата што се отвора во судот во Колумбија, се отвораат нови процедури и практики во американската политика и кај нас. Македонија е почетокот на тој процес, каде големите компании, капитали и политики во Америка се пресметуваат со секоја голема промена на власта во Америка. При сегашната промена на власт, огромни групации на капиталот се конфротираат и во монетов нападнат е Џорџ Сорос со аргументи, токму во Америка. Македонија е само тригер, зашто се прават и многу порадикални чекори, на пример во Унгарија со затворање на универзитет на Џорџ Сорос, сепак, тоа не е предмет на тужба во американски суд“, рече Палевски.

Според Палевски, американскиот интерес во југоисточна Европа нема да се промени, меѓутоа ќе се променат луѓето, односно технологијата на тој интерес, похумана или понехумана, побрза или поспора.

Тој додаде дека многу административни постапки во моментов се успорени, но тоа не значи дека политиката на Амбасадата на Америка во Македонија ќе се промени.

Предмет на тужбата не е нејзината политика, туку мешањето во политичките процеси во Република Македонија. Ненаменски трошени се пари за мешање во политички процеси во Македонија“, смета Палевски