Палевски во засебна ќелија на затворот во Шутка, таму се и останатите осомничени за убиствата на Вања и Жежовски 

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

По трансферот во Македонија, Љупчо Палевски-Палчо веднаш е префрлен во затворот во Шутка бидејќи за него веќе има определен притвор од 30 дена.

Во скопскиот истражен затвор беше донесен со конвој од 4 необележани со полициски ознаки,  автомобили. Турската полиција го испрати со кофер со неговите работи пронајдени при апсењето во Баликесир, како и купени и добиени во затворот во Турција. На аеродромот во Скопје се чекаше неговиот багаж поради што се оддолжи трансферот кон Шутка.

Тој со багажот е префрлен директно во Шутка каде има подготвено засебна ќелија за него. Ќелијата се наоѓа во истиот затворски дел каде во засебни и просторно разделени ќелии се наоѓаат уште тројца притворени и осомничени за злосторот (двете убиства на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски) за кој првоосомничен е Палевски.

Тој ќе биде и под посебно обезбедување, во ќелијата во која се доаѓа преку посебен ходник. Мерките се определени поради безбедносен ризик.

Во затворот, на Палевски ќе му биде извршен детален медицински преглед. Потоа како и останатите осомничени, ќе му биде доделен затворски комбинезон.

Безбедносните мерки се предвидени и за исхраната на притворениот Палевски. Од затворот велат дека храната за Палевски ќе биде посебно проверувана. Притворениот ќе има можност еднаш во текот на денот да шета, но не во друштво на други притвореници, туку сам, и тоа во посебен отворен простор поврзан со неговата ќелија, наменета за високоризични притвореници.