На Приштина ѝ треба нова влада што ќе ги укине царините кон Србија и Босна и Херцеговина, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Метју Палмер во интервју за српскиот сервис на „Гласот на Америка“.
Палмер изрази надеж дека Белград и Приштина ќе се вратат на преговарачката маса и да најдат взаемно прифатливо решение аз отворените прашања.
„Мислам дека сега е најважно Косово да добие нова влада. Тоа е моменталниот предизвик. Би сакале Косово да формира влада колку што е можно поскоро и таа влада да стори сѐ што е потребно да се продолжи дијалогот, вклучувајќи и укинување на таксите за производи од Србија и БиХ. Се надеваме дека тоа наскоро може да се реши“, нагласи Палмер.