Метју Палмер, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, изјави, по повод поддршката и помошта од Кина и Русија за Србија во борбата против КОВИД-19, дека се согласува со изјавата на американскиот амбасадор во Белград, Ентони Годфри дека ова не е натпревар за популарност и дека секоја помош е важна.
„Ако Кина и Русија можат да им помогнат на Србија и другите во Западен Балкан, тоа е одлично“, рече Палмер за Радио Гласот на Америка.
Тој рече дека ЕУ дава поголема помош и дека Соединетите држави им пружаат помош директно на одделни земји од Западен Балкан, како и преку поддршка на меѓународните институции, но истакна дека оваа помош понекогаш е взаемна.
„Земјите од Западен Балкан беа многу дарежливи, дозволувајќи им на Американците да се вратат од своите земји во САД, честопати без никаков трошок. Србија го направи ова, Црна Гора и Албанија. Ние сме благодарни за партнерството и покажувањето на солидарноста“, рече тој.
– Најитни потреби во регионот и голем дел од светот, се тестови, опрема за лична заштита и поддршка за итни случаи, рече Палмер.
Тој, исто така, посочува дека земјите од Западен Балкан се во состојба да одговорат силно на заканата од коронавирусот, во голема мерка благодарение на напорите направени од САД и другите да им помогнат на овие земји да развијат свој институционален капацитет.