Соединетите држави и Европската унија имаат јасна слика за Босна и Херцеговина цврсто интегрирана во евротатлантските структури, за разлика од Русија која не ја споделува оваа визија и поттикнува недоверба, тензии и неири во целиот регион на западниот Балкан, тврди специјалниот претставник на американскиот Стејт департмент за западен Балкан, Метју Палмер.
Од крајот на минатата и почетокот на оваа седмица Метју Малмер и Ангелина Ајнхорст, директорка на одделот за западен Балкан во службата за надворешни работи на ЕУ, престојуваа во посета на регионто и на БиХ, а во интервјуто за сараевскиот дневен весник Oslobođenje објавено во средата вели дека смета оти повеќето луѓе во БиХ ја преферираат политиката каква што ја промовираат САД и ЕУ, па со босанско-херцеговските лидери трабна да се работи таа и да се реализира.
„Иако сум загрижен во врска со амбициите кои Русија ги има кон БиХ и на западниот Балкан, како и пошироко во Европа, останува сепак убеден дека нашата визија за овој регион е таа којашто е општоприфатена и којашто ќе има поддршка од политичките лидери“, вели Палмер.
Американскиот дипломат претходните три дена заедно со Ајнхорст со политичарите од БиХ разговараа за можните промени во избирачките прописи, односно промени на Уставот кои се неопходни за тоа но не е добро прифатено од сите фактори во земјата.
Според замислите на Вашингтон и Брисел, целта на овие промени е да се прилагодата изборните закони на БиХ со содржината на пет пресуди на Европскиот суд за човекови права со кои е утврдена дискриминација на граѓаните на БиХ во изборниот процес врз основа на нинвата етничка припадноста или местојот на престојвуање, како и со пресудата на Уставниот суд на Федерацијата БиХ за начинот на пополнување на Домот на нароите во парламентот на Федерацијата БиХ.
Преговорите меѓу политичките фактори во БиХ досега не доведоа до конкретни резултати, но Палмер сега истакнува дека „треба да се биде трпелив, бидејќи ништо не се случува преку ноќ“, но и е упорен во настојувањата договор да биде постигнат во текот на оваа година за да се употребат во новиот изборен циклу планиран за 2022 година.
„Сите вклучени во овој процес мроа да сфатат дека никој нема да добие сѐ што сака и сите од ова ќе излезат до одредена мера разочарани“, порачува Палмер потсетувајќи дека тоа претставува неозоставен дел од копромисот кој мора да биде постигнат.
Клучот на преговарачкиот процес, како што оценува американскиот дипломат, е да се најдат решенија кои БиХ ќе ја приближат до членството во ЕУ. Палмер е убеден дека тоа е можно да се оствари, а притоа САД и ЕУ ќе бидат партнери и пријатели, но оти конечните решенија мора да дојдат од самата БиХ како резулта на внатрешен договор.
Палмер вели и дека САД го поздравуваат доаѓањето на германскиот политичар Кристијан Шмид као нов висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, и оти планираат со него тесно да соработуваат. Додадел дека во Вашингтон се надеваат и дека Шмид навистина ќе биде последниот висок преттавник, но оти тоа ќе биде возможно дури откако ќе бидат исполенти одамна поставените цли и услови, вклучително и процената дека БиХ ја достигнала потполната политичка стабилност.