Индонезија, најголемиот производител на палмино масло во светот бара нови влезови на Блискиот Исток и земјите од Југоисточна Европа, во обид да ја намали својата зависност од долго воспоставените пазари во Кина, Индија и Европа. Министерот за трговија Мухамед Лутфи во понеделникот идентификуваше неколку потенцијални трговски центри, меѓу кои и Македонија и Турција.
Турција која е крстопатот меѓу Европа и Азија може да отвори пристап до пазарите во централниот дел на Азија и на арапскиот полуостров, вклучувајќи ги Иран, Ирак и Сирија. Во меѓувреме Македонија, која се наоѓа во централниот дел на Балканскиот полуостров може да стане порта кон околните балкански држави, како што се Хрватска и Грција, како и кон нациите како Италија кои лежат на средните и источните делови на Европа.
-Нашата цел е палминото масло да се продава во овие региони и сме оптимисти дека можеме да навлеземе на нови пазари и покрај конкуренцијата, изјавил Лутфи.
Планот ќе ја редуцира тешката релација од пристаништето во Ротердам, Холандија, маслото со брод да стигне до Европа и околните дестинации.
Во моментов главни купувачи на палминото масло се Индија, Кина, ЕУ, Пакистан и САД.
Директорот на индонезиската асоцијација на производители на масло, ГАПКИ, рекол дека силно го подржува планот, бидејќи Турција има стратешки географска положба и е со брзорастечча економија.
Земјата веќе е извозен центар на неколку земји кои бараат пазари на Медитеранот и Блискиот Исток.
-Ова е голема можност за подобрување на трговските односи меѓу Турција и Индонезија, а со текот на времето, може ќе се отвори патот за трговски договор како што е оној на Турција и Малезија, додал тој.
Договорот меѓу Турција и Малезија ќе ги намали увозните давачки за палмини производи, ќе ги намали тарифите за 11,2 отсто, што е намалување од 31,2 на 20 проценти. Ваквиот потег ќе ја ерозира конкурентноста на индонезиското масло на турскиот пазар, велат индустриските играчи.
Изминативе години Индонезија загуби на овој начин во Пакистан поради ист договор што го имаат склучено Малезија и Пакистан.
Во февруари 2012 – та година, Индонезија потпиша договор со Пакистан, а истиот стапи на сила во септември минатата година Оттогаш извозот на палминото масло на Индонезија во земјата на годишно ниво драстично се зголеми.
Индонезија очекува производството на палминото масло во 2014 година да порасне на 28 милиони тони, што претставува зголемување од 7,7 отсто.