Палота: Бенатиа е голем лажго

Претседателот на Рома, Џејмс Палота го демантираше тврдењето на Мехди Бенатија дека бил продаден во Баерн затоа што на клубот му биле потребни пари.

“Мехди Бенатија упорно лаже цели два месеца”, изјави шефот на Волците во официјалната изјава објавена на сајтот на клубот.

“Во јули се сретнавме во Бостон и остваривме усмен договор за покачувањето на неговата плата. Му реков дека сакаме тој да остане во тимот и тој одговори дека е целосно задоволен”.

“Во следниот месец тој тврдеше пред тренерот Руди Гарсија и соиграчите дека сака да остане, но лажеше за условите кои му ги понудивме”.

“Тоа што ме лажеше, можам да го надминам, но тоа што Бенатија ги излажа Руди Гарсија и соиграчите, е апсолутно неприфатливо”.

“Му реков на спортскиот директор Валтер Сабатини дека Бенатија почнува да ја загрозува атмосферата во тимот и сакам тој да си замине. Руди и Валтер се согласија со мене. Не стануваше збор за пари, туку за неговото влијание во соблекувалната, а тоа можеше отровно за целиот тим”, истакна Палота.