Американската актерка неодамна се пофали дека на 52 години се уште може да го облеќе црвениот костим за капење од серијата која ја прослави на почетокот од 90ти години во серијата „Чувари на плажата“.
Секс симболот и холивудската актерка Памела Андерсон која цел свет ја памето по улогата на Си Џеј Паркер од серијата „Чувари на плажата“, и ден денес е фо добра форма и има тело на кое би позавиделе и многу помлади девојки.
Во интервју за „Фокс Њуз“ таа зборувала за легендарниот црвен костим за капење во кој таа трчаше по плажата во Малибу, а таа сцена сигурно добро ја паметат сите кои барем еднаш ја погледнале.
Актерката открила дека и понатаму по некогаш го носи тој црвен костим за капење и рекла: Го имам во фиока. Се уште ми одговара. Го носев во неколку прилики само да ги насмевнам пријателите, рекла Памела.
https://www.instagram.com/p/CAltpLEKVJj/?utm_source=ig_embed