Дали знаевте дека недостатокот на свеж воздух води до недостаток на енергија? Чувството на виталност и удобност е неизбежно поврзано со квалитетот на воздухот што го дишете. Замислете само колку време поминувате дома, работејќи или одморајќи се, ги извршувате домашните работи или си играте со децата и, се разбира, спиете. Затоа, важно е да обезбедите за себе и за вашето семејство доволно свеж и чист воздух. Тука настапува иновативниот и паметен клима уред, Hisense Fresh Master.
Кога размислувате за климатизација, погледнете подалеку само од потребата за ладење на воздухот, бидејќи модерните и паметните технолошки решенија може да ви донесат многу повеќе од само температура за удобно живеење. Hisense Fresh Master ефикасно го регулира квалитетот на воздухот осигурувајќи дека воздухот што го дишете е свеж, прочистен и оптимално навлажнет. Кажете им збогум на бактериите и на вирусите, вклучувајќи го и корона-вирусот или со неговото генерично име познат како SARSCoV-2, бидејќи Fresh Master клима уредот има моќ да ги елиминира сите нив. Покрај тоа, не треба да се грижите за негово рачно поставување или управување, бидејќи климатизерот го прави сето тоа автоматски. Запознајте ги одблизу сите овие придобивки и карактеристики.
Свеж воздух секој ден
Поради патентираната Fresh Air технологија, Hisense Fresh Master со довод на чист воздух ја освежува целата просторија за само 3 минути внесувајќи свеж и прочистен воздух однадвор со брзина од 50 m3/h. Автоматски ја открива концентрацијата на СО2 и го сигнализира квалитетот на воздухот на ЛЕД-екранот, каде што црвената икона покажува слаб квалитет на воздухот, жолтата означува просечен квалитет, а зелената икона означува добар квалитет.
Вие дури и не треба да се грижите за непријатниот мирис или за прашината, бидејќи Fresh Master клима уредот содржи висококвалитетен 4 во 1 филтер. Совршената комбинација на четири филтри (филтер со сребрени јони, ХЕПА-филтер, филтер од катехин, витамин Ц филтер) го стерилизира воздухот во собата, ги отстранува мирисите, прашината и поленот, за да ја почувствувате свежината со секој здив, па дури и ослободува и витамин-Ц правејќи ја вашата кожа поубава.
Совршена удобност во секој момент
Hisense Fresh Master не само што ве обезбедува со постојано свеж и чист воздух туку и со совршено чувство на удобност. Користејќи ја функцијата AI Smart, климатизерот автоматски ги приспособува внатрешната температура, влажноста и брзината на воздухот на временските услови надвор од вашиот дом.
Покрај тоа, 4Д-автоматките насочувачи (хоризонтално и вертикално насочување), насочувачите на воздух кон плафон и кон под, како и протокот на воздух на долго растојание, ја оптимизираат распределбата на воздухот овозможувајќи ви да се чувствувате удобно во секој агол од собата.
Прочистен воздух за здрави услови за живот
Штетните вируси и бактерии може да користат разни начини за да влезат во вашиот дом, но со помош на Hisense Fresh Master може да го одржувате воздухот чист и здрав. Благодарејќи ѝ на иновативната HI-NANO технологија, климатизерот ефикасно ги отстранува бактериите и вирусите во воздухот, вклучувајќи го и корона-вирусот (SARS-CoV-2). Како? Тој генерира енормно висока концентрација на двојни јони – 1 милион/см3. Бактериите и вирусите ја губат својата активност откако ќе се апсорбираат од јоните и тие веќе не можат да ви наштетат. Француската лабораторија „Тексел“* покажа дека HI-NANO технологијата може да го инхибира новиот корона-вирус (SARS-CoV-2) 93,54 % за само два часа, обезбедувајќи воздухот што го дишете да биде чист и прочистен. Одржувањето на воздухот да биде здрав е, исто така, работа на антибактериската мрежа, при што мрежата обложена со сребрени јони ги инхибираат Staphylococcus aureus, Escherichia coli и мувлата, ефикасно, заради ваша оптимална заштита.
Топло или студено надвор, секогаш пријатно внатре
Fresh Master клима уредот не само што одржува удобно ладење во текот на топлите годишни времиња, туку ви ја обезбедува и потребната топлина кога надвор времето бележи ниски температури и временските услови подразбираат многу ниски температури. Благодарение на силниот капацитет за греење при ниска температура, климатизерот ви дава чувство како да сте изложени на топлината на сонцето, дури и ако надворешната температура се спушти до –20°C. Со функција за специјално загревање на 8°C, клима уредот ја одржува температурата во просторијата на 8°C автоматски, доколку живеете во регион со појава на мразеви и мошне ниски температури и ако го напуштите вашиот дом одредено време, одејќи, на пример, на одмор. На овој начин, се спречува водата да замрзне додека потрошувачката на енергија се одржува на минимум.
Дали барате квалитетен клима-уред за вашиот дом? Уживајте во сите придобивки што ги носи Hisense Fresh Master, како и во неговиот елегантен модерен дизајн, во лесната за корисникот Wi-Fi контрола и во уште полесната гласовна контрола преку вградените звучници на Amazon или Google. Повеќе информации може да се добијат овде.
*Податоците за ефектот на HI-NANO технологијата произлегуваат од податоците тестирани од TEXCELL и SGS во лабораториски услови.