Панчевски и Стојковска од ШК Алкалоид се нови шампиони во шах

Членовите на Алкалоид, Филип Панчевски и Моника Стојковска, се нови шампиони на Македонија, откако беа најдобри на Отвореното шаховски првенство 2022, кое вчера заврши во еден од скопските хотели.

Панчевски беше најдобар на „отворениот“ дел од турнирот, додека Стојковска, која е сениорската македонска репрезентативка, покажа најмногу на женскиот дел од турнирот.

Најдобрите добија пригодни пехари, а челниците на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) испрати честитки до сите учесници.