Пандемија на коронавирусот: Податоци за бројот на заразените и починатите

Од појавата на новиот сој коронавирус Covid-19 кон крајот на декември минатата година во централната кинеска провинција Хубеи, до денес се регистриани 124.101 случај на заразата во 123 земји и територии во светот, а починале 4.566 лица, според најновите податоци на агенцијата France presse (AFP) врз основа на официјалните извори.

Во последното деноноќие од вторникот, регистрирани се 6.761 нов случај на инфекција ширум светот и нову 315 нови смртни исходи. Континентална Кина, без Хонгконг и Макао, има 80.778 случаи на пациенти од кои 31.58 починале, а 61.475 оздравеле. Меѓу вторникот и средата во Кина се забалежани само 24 нови зарази, најмалку досега, и 22 смртни случаи.

Во остатокот од светтот во средата се забележани 43.323 лучаи на зараза, од кои 6.737 се новозаразени, од кои починале 1.408 луѓе, или 293 во последните 24 часа.

Најзафатени земји по Кина се Италија, со 12.462 случаи од кои нови 2.313 нови и 827 починати, Иран со 9.000 заразени од кои 958 нови и 354 починати, Јужна Кореја со вкупно 7.755 случаи од кои 242 новозаразени и 60 починати, Шпанија со вкупно 2.128 случаи од кои 506 нови и 47 починати.

Од вторникот од 18 часот Албанија, Шведска, Ирска, Белгија, Панама и Бугарија ги пријавија првите смртни исходи како последица од зараза со коронавирусот Covid-19. Брунеу, Хондурас, Боливија, Брегот на слоновата коска и Турција, пак, известија за првите случаи на инфекцијата на своите територии.

Во Азија во средата се забележани 90.535 случаи и 3.236 смртни случаи, во Европа 22.307 случаи и 930 починати, на Блискиот исток 9.876 случаи од кои 364 смртни, во САД и Канада 989 случаи и 29 починати, во Латинска Америка и на Карибите 149 зарази и два смртни случаи, во Океанија 129 случаи од кои три смртни случаи и во Африка се регистирани 117 случаи на зараза од кои два завршиле со смртен исход.