Демократската партија на САД заради пандемијата од коронавирусот за август ја одложи партиската конвенција на која формално се избира нивниот претседателски кандидат за изборите во ноември.
Конвенцијата првично беше закажана за 16 и 17 јули во Милвоки, во сојузната држава Висконсин, а сега е презакажана за 17 август.
-Во моменти на клима на неизвесност, веруваме дека најпаметниот пристап е да се издвои дополнително време за следење на ситуацијата, за да можеме најдобро да ја подготвиме партијата за безбедна и успешна кампања, изјави извршниот директор на Комитетот за конвенцијата на Демократската партија, Џо Солмоназе.
Фаворитот за осовјување на претседателската номинација кај демократите, поранешниот американски потпретседател, Џозеф Бајден, претходно кажа дека би било тешко да се замисли дека конвенцијата ќе се оддржи кон средината на јули како што првично било планирано, потсетува Гласот на Америка.
Изборната трка за претседателски кандидат кај демократите се уште не е завршена, а главниот ривал на Бајден е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.
Заради коорнавирусот одложени се внатрепартиските избори во повеќе од 10 сојузни држави, додека Бајден по гласањата во повеќе сојузни држави има најголем број делегати зад себе, кои на партиската конвенција и формално го избираат претседателскиот кандидат.
Претседателски кандидат на Републиканската партија повторно ќе биде претседателот Доналд Трамп.
Партиската конвенција на републиканците, на која ќе треба само форлмано да се потврди номинацијата на Трамп, ќе се оддржи од 24 до 27 август во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина.