Капитенот Горан Пандев го одигра последниот натпревар за Македонија во поразот од Холандија од 3-0. Пандев по мечот изјави дека оваа негова одлука е конечна и дека дефинитивно заминува во репрезентативна пензија.
„Моја конечна одлука е дека одам во пензија. Сакам да бидам сто посто подготвен знам дека не можам да играм на два фронта. Ќе навивам за овие момци и убеден сум дека ќе играме на Светско првенство. Не само јас туку и цела Македонија ќе навива за нив. Благодарам на сите. На медиумите на поранешните селектори и на моето семејство. Без мојата сопруга Надица немаше да го постигнам ова. Дадов максимум и морам да кажам дека ова за мене е крај“, вели Пандев.
Тој вели дека е благодарен и на целата нација и дека 20 години носење на светиот дрес за него значи гордост.
„Благодарен сум на цела нација. 20 години носење на овој свет дрес за мене значеше гордост. Одигравме добро Европско првенство. Немаме искуство. Ни фалеше малку да направиме голем резултат и вечно ќе се сеќавам на ова Европско првенство.
Околу стартот пред првиот гол на Холандија, вели дека дефинитивно имало фаул.
„Беше фаул и самиот му кажа на судијата. Но, знаеме дека фаворитите подруго гледаат судиите на нив. Нема зошто да тагуваме. Холандија е фаворит на првенството. Мислам дека добро се држевме во првото полувреме. Во втроиот дел паднавме физички и мислам дека заслужено победија.
Фото: ФФМ