Во ведра атмосфера македонската репрезентација предводена од капитенот Горан Пандев попладнево го одржа првиот тренинг во пресрет на саботниот натпревар против Ерменија во Лигата на нации.
На теренот на Арената „Тодор Проески“ истрчаа сите репрезентативци на кои смета селекторот Игор Ангеловски, со исклучок на Столе Димитриевски кој своето доаѓање од Шпанија го најави за доцна вечерва и од утре голманот на Рајо Ваљекано се очекува да им се приклучи на соиграчите, откако претходно ќе биде тестиран на коронавирус.