Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев и неговиот клуб, Наполи, обезбедија пласман во финалниот натпревар од годинашното изнадие на Купот на Италија.
Ибзраниците на Рафа Бенитез ја искористија предноста на домашниот терен и со убедливи 3:0 го победија и го елиминираа големиот ривал од Серија А, тимот на Рома.
Првиот натпревар, одигран на „Олимпико” во Рим, заврши со минимален триумф на римската „волчица” од 3:2.
„Малку недостасува за да кажам дека одигравме еден совршен натпревар. Презадоволен од играта на моите фудбалер кои дадоа се од себе од првата до последната минута. Рома е противник кој тешко се победува, а ние ја победивме без да примиме ниту еден погодок”, изјави предводникот на „азурите”, Рафа Бенитез.
Како и претходните натпревари, така и овој, македонскиот интернационалец целиот го проследи од клупата за резервни фудбалери.
Претходно, пласман во финалниот натпревар обезбедија фудбалерите на Фиорентина.