Неделниот дерби натпревар од 31. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу третопласираниот Наполи и лидерот на првенствената табела, тимот на Јувентус, заврши со заслужен триумф на „азурите” од 2:0.
Домаќинот дојде до посакуваното водство во самиот финиш од првото полувреме, а погодокот беше дело на шпанскиот интернационалец, Хозе Каљехон.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев одлично му асистираше на белгискиот интернационалец, Дриес Мертенс кој го постигна вториот погодок на натпреварот.
Уште еден сигурен триумф од 2:0, но сега на гостувањето во Сасуоло, забележа моментално второпласираниот тим во италијанската Серија А, Рома.
Римската волчица дојде до посакуваното водство со погодокот на Матиа Дестро, а во 96 минута од натпреварот, во листата на стрелци се запиша и бразилскиот интернационалец, Мишел Бастос.
Без победник и без погодоци заврши првенствената пресметка на “Луиџи Ферарис” помеѓу екипите на Сампдорија и Фиорентина, а минимална, но злато вредна победа во дуелот против одличниот тим на Парма, забележаа фудбалерите на Лацио.
Резултати: Сасуоло – Рома 0:2, Лацио – Парма 3:2, Сампдорија – Фиорентина 0:0, Торино – Калјари 2:1, Верона – Џенова 3:0, Наполи – Јувентус 2:0.