Најдобриот македонски спринтер, Ристе Пандев, не успеа да се пласира во полуфиналето на 100 метри на ЕП за атлетичари до 23 години, кошето се одржува во Талин.
Во квалификациската трка струмичанецот заврши на 5-та позиција, со резултат 10.71, што е за десет стотинки послабо од неговиот личен рекорд. Полуфинале обезбедија првите тројца од сите четири трки и уште четворица по принципот среќни губитници.
За Пандев немаше место по ниту еден критериум, а на вкупниот поредок, неговиот резултат го смести на 20-то место од 32 натпреварувачи.
Утрово настапи втората македонска натпреварувачка во Талин, Валбона Селими, исто така во квалификациите на 100 метри, но заврши на последното 23-то место. Трчаше точно 13 секунди, многу послабо од нејзиниот личен рекрод, 12:58.