Пандов: Ако сака Ковачевски да покаже дека законите важат за сите, да го повика Заев и министрите на одговорност за обелоденетите коруптивни скандали

20 години ДУИ е на власт во Македонија, па не возможно е таму сите да се светци и толку поштено да работат. Знаете ли еден функционер од ДУИ кои што е уапсен, а зборуваме дека државата е корумпирана држава, вели Александар Пандов претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тоа е доказ се исплаќа криминалот во Македонија, и вие ако се ухлебите добро во партијата, поготово во таква партија како што е ДУИ влакно нема да ви фали. Зошто? Затоа што они регрутираат обвинители, имаат свои судии и метастазирани се во секоја една пора од општеството, потенцираше Пандов.

Во однос на приведувањето на Бојко Борисов и изјавата на Петков, Пандов посочи дека очекува и од Димитар Ковачевски да повика на одговорност за коруптивните скандали кои во минатото се обелоденија во време кога премиер беше Зоран Заев.

Имавме промена на премиер, имавме еден куп коруптивни скандали, но дали ние ќе дочекаме да напише Ковачевски дека правдата важи за сите, и нема некој над законот. Дали ќе видиме да го повика Зоран Заев, од поранешните министри па и сегашни да одговараат, зошто само така се дава пример дека законот е над сите, рече Пандов.