![pandov-vo-kocani (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/pandov-vo-kocani-1.jpg?resize=600%2C296&ssl=1)
Иницијалната каписла за повторно да се собере ГДОМ е аболицијата на двајцата докажани виновници за политичката криза во Македонија, а тоа се Зоран Заев и Зоран Верушевски.
Ова во вестите на ТВ Нова го истакна Александар Пандов од ГДОМ, кој присуствуваше на мирниот собир и во Кочани.
Сакаме да испратиме јасна порака до македонската и меѓународната јавност дека на народот му е јасна политичката криза, свесен е кој ја има предизвикано таа политичка криза. И најважното, а тоа е дека единствен излез од оваа политичка криза е избори на 5-ти јуни. Кај Заев и СДСМ гледаме дека постои расположение да не излезат на избори, ние сакаме јасна порака да испратиме и до него да види дека на македонскиот народ му е дојдено преку глава и дека сака оваа политичка криза да се расчисти со избори на 5-ти јуни, рече Пандов.
Целото гостување погледнете го во продолжение: