Пандов: ВМРО ја има поддршката од народот, ниту СЈО ниту сценаристите нема да ја уништат непоразената ВМРО

Сите оние кои сега плукаат и го закопуваат ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека е готов, се лажат, напиша политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

-Ни СЈО, ни сценаристи, ни било кој друг нема да гo уништат. СЈО ако имаше нешто сериозно против нив одамна ќе го видовме. Сега во последните месец два од нивното работење ќе вадат празни со докази предмети и обвиненија против нив за да го задоволат сценаристот и да ги оправдаат парите кои ги трошат. И се разбира верувајќи дека ќе му помогнат на СДС. Тие се неискусни и незрели и сигурен сум дека се убедени дека СДС ќе владеат вечно, а дека ВМРО нема веќе никогаш да биде власт. Толку им е капацитетот. Не само што СДС нема да владеат вечно, туку нема да истераат ни пола мандат. Со сила убавина не бидува.

СДС не се замерија само со ВМРО, туку и со народот. Со помош на сценаристот сметаат дека ги поразиле народот и ВМРО. Се лажат. Брзо ќе се уверат во ова.
Колку силно и неправедно ќе удираат сега по ВМРО, толку и двојно ќе им се врати по враќањето на ВМРО на власт.

ВМРО е победник на овие избори. ВМРО победи 10 пати по ред од 2005-тата до 2016-тата. Да не го забораваме тоа. Живееме во време на демократија, па по 11 години власт, не е ни чудо ни трагедија да се отиде во опозиција. ВМРО во опозиција ќе оди како победник а не поразен на изборите и по 10 и пол години владеење и жестоки напади и клевети, грешки и пропусти, подметнувања и милион лаги. Со својата посветена работа и труд ова раководство на ВМРО и нејзиниот водач победи на изборите, но овој пат не го победи СДС, туку и многу посилен противник.

Можеби и е добро за некои луѓе кои не се сеќаваат, да го почувствуваат малку СДС на власт. Не само за промена, туку и за споредба, додава Пандов.