Aналитичарот Александар Пандов на својот Фејсбук профил преку статус упати благодарност за денешниот масовен и мирен народен собир на ГДОМ.
-Моите информации говорат дека масовно луѓе се организираат од сите градови на државата да допатуваат на граѓанскиот собир, стари и млади, од сите народности и вероисповести. Има и многу кои не успеале да обезбедат превоз. На истите им порачувам да бидат спокојни, ГДОМ ќе допатува и во нивните градови во периодот што следи, сите обединети околу една идеја и со една цел Одбрана на Македонија. Избори на 5-ти јуни, за да се слушне гласот на народот, напиша Пандов.