Александар Пандов, Претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ говореше за пописот каде потенцираше дека пописот бил една од главните теми за предизборна коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ и дека овој попис претставува попис за спас на ДУИ како политичка партија.
-На Македонија и е потребен попис и се согласуваме дека Македонија 18 години немале попис и тоа треба да биде статистичка операција. Како услов да коалицираат ДУИ со СДСМ им беше пописот. На Македонија и потребна статистичка операција да знаеме колку точно население живее во Скопје или во било која друга општина. На ВМРО-ДПМНЕ на крај на памет не му е да фалсификува односно да ги зголемува бројките на населението. Јас ќе кажам овој попис е попис за спас на ДУИ. Тоа е суштината ако има намалување на тој број од 2002 година како тие ќе излезат пред своите гласачи, истакна Пандов.
Пандов во врска со пописот посочи дека нему не му е проблем што живеат и други етнички групи во земјата и за него е нормално сите луѓе подеднакво да ги уживаат правата и обврските во земјата.
-Јас сум роден и живеам во Македонија со мои сограѓани како Срби, Бошњаци, Турци, Албанци и за мене нормално е сите тие луѓе подеднакво да ги уживаат и правата и обврските во Република Македонија, додаде Пандов.