Овие нашиве направиле и чекор понатаму, па прифатиле да му станат слуги на Сорос. Аналитичарот Александар Пандов реагира по соопштението во кое поранешни членови на ВМРО плукаат по Македонија.
Тој ги обвинува овие лица дека прифатиле да му станат слуги на СОРОС. Во продолжение проследете ја во целост реакцијата на Пандов.
Читам по соросовите портали писмо од поранешни членови на ВМРО, како фрлаат дрва и камења по сегашното раководство. На крајот од текстот ги гледам потписниците и освен што можам да се сетам на 2-3-ца од нив, останатите ни на гугл не успеав да ги најдам кој се. Но и овие неколку ми се доволни за да ја сватам позадината, а и од каде толку гнев во истите. Верувам дека и секој еден ќе си го постави прашањето, кој се овие луѓе!? Тоа се оној тип на човечки суштества кој на пазар се незадоволни од робата и пазарџиите, во болница викаат по сестрите и докторите, на работа се скарани со сите колеги, на свадба ниту им се допаѓа невестата ниту им е погодена музиката, кога се членови на партија имаат многу забелешки на програмата, а од претседателот на партијата и раководството никогаш не се разбрани! Со јазикот на интернет тоа се тролови. Човечки ликови кој колку што за себе имаат високо мислење и веруваат дека се најпаметни и најубави, толку пак обратно мислат се најлошо за сите останати. Нормално на таквиот тип на луѓе и да им успее во даден момент да блеснат, како што за жал на овие благодарение на ВМРО им има успеано пред 20 години, веднаш се препознаени од мнозинството и се ставени на маргините во општественото живеење. Овие нашиве направиле и чекор понатаму, па прифатиле да му станат слуги на Сорос. Дно!, напиша Пандов.