![grad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/grad.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Во Париз синоќа паѓаше град со големина на топчиња за голф што предизвика мала материјална штета и паника меѓу населението, соопштија париските власти.
Покрај градот, во Париз дувал и силен ветар со брзина од 110 километри на час, а врнело и дожд, што е невообичаено за тој дел од земјата.
Градот ги оштетил крововите на некои куќи сообраќајот бил пореметен , но немало несреќи. Повеќе од 500 лица ги викнале пожарникарите за помош, повеќе поради паника отколку поради пружање на вистинска помош.