![Rim napad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/Rim-napad.jpg?resize=640%2C346&ssl=1)
Поради закани од бомби во Рим денеска биле евакуирани два трговски центри .
Евакуацијата во едниот од нив се случила кога италијанскиот весник „Масаџеро“ примил повик во кој се тврдело дека е поставена бомба во автомобил недалеку од популарниот трговски центар „Ринаскенте“, а на лице место набрзо дошле припадници на полицијата и специјална единица за справување со бомби.
Вториот трговски центар од истиот ланец во северниот дел на Рим бил евакуиран од безбедносни причини. Набрзо било утврдено дека повикот бил лажен.
Во текот на целиот викенд единицата за антитерористичка полиција е распределена низ Рим, поради информации дека осомничени исламски терористи се на слобода.
Медиумите пренесоа дека потенцијална закана претставува Матлути Атеф од Тунис, кој е означен како потенцијален бомбаш-самоубиец, односно како некој кој би можел да врши напади врз барови, автобуски станици и шопинг центри во градот.
Атеф и е познат на полицијата по дилерство на дрога и други поситни кривични дела.