Паника во СЗО: Мистериозен вирус се појавил во Кина, 30 заболени во карантин!

Најмалку 30 луѓе се во карантин откако е утврдено дека страдаат од „мистериозен вирус налик на грип од непознато потекло“, што предизвикува страв од епидемија на SARS (тежок актуелен респираторен синдром).

Тим експерти од Националната здравствена комисија (NHC) отишол во Вухан, сместен во центалната кинеска провинција Хубеи, а градската здравствена управа издала соопштение за вонредна состојба, наведувајќи дека градските болници лечат „ужасна серија на пациенти со необјаснива пневмонија“.

Од триесет лица зафатени од вирусот, седум се во критична состојба, а останатите се стабилизирани, соопштува „NHC“. Исто така е познато дека повеќето пациенти имаат штанд на локалниот пазар со морска храна, кој во моментов е затворен за време на истрагата.

„Многу здравствени службеници во Вухан велат дека причината за појавата на овој вирус е непозната и дека не може да заклучат дали станува збор за вирусот SARS како што објавуваат медиумите“, се наведува во службениот весник „People Daily“.
„Веројатно се работи за друга сериозна пневмонија“, додале тие.

Властите во Хонг Конг, кои се оддалечени околу 4 часа со воз од Вухан, ги зголемиле контролите на границите и ги подготвуваат локалните болници, додека СЗО вели дека внимателно ја надгледува ситуацијата.

„Истрагата сè уште е во тек, така што властите не можат да потврдат што ја предизвикува оваа болест. Постојат многу потенцијални причинители на вирусот. СЗО внимателно го надгледува случувањето и ќе сподели повеќе детали кога ќе имаме некој сигурен доказ“, стои во нивната изјава.