Паника во Волгоград, гласини за нови експлозии

Паника настана во Волгоград по денешната експлозијата во тролејбус. На социјалните мрежи се појавија и неколку соопштенија за нови бомбашки напади во градскиот транспорт .

„Ова е паника, не сме имале нови инциденти. На објавенитеитни телефони сепак постојано ни ѕвонат луѓе и прашуваат што се случува и каде се новите експлозии“, тврди Светлана Смолјанинова, претставник на Министерството за внатрешни работи за волгоградската област.

Според неа луѓето во градот се во многу лоша ментална состојба, се плаши дури и да излегуваат на улица. Има и многу такви кои одат на работа пеш, плашејќи се да се качат во градски транспорт.