Паноа за бесплатно огласување за локалните избори

Согласно законската обврска и Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати во Градот Скопје (“Сл.гласник на Град Скопје” бр.6/06), Градот Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања треба да достават  барање до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања – 25 септември 2017 година до 10 часот.

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребањето ќе се изврши на 25 септември 2017 година во 11 часот, во Град Скопје – Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден бр.82 – барака 11).