Повеќе од 30 лица се повредени откако синоќа се запали панорамско тркало на фестивалот „Хајфилд“ во близина на германскиот град Лајпциг во источниот дел на земјата, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата.
Според првичните податоци, сите жртви вдишале чад откако две кабини се запалиле на тркалото, изјави портпаролката на полицијата.
Сепак, шефот на операциите на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени. Портпаролката на полицијата првично не можеше да ја потврди оваа информација. Таа, сепак, рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци.