Панова до Николоска: Ако Владата има пари за трошоци кои се непотребни тогаш не може да велите дека државата не пристапува кон организирање на избори бидејќи немало пари

Ако велите дека се скапи изборите и дека тоа е една од причините зошто ние не одиме на избори , ова веднаш би сакала да го демантирам со една ваша постапка којашто во изминатиов период беше актуелна и во македонската јавност и во Собранието, а тоа беше една постапка преку која едно мислење на Комисијата за правни работи беше и мислењето за отворање втора лотарија во земјата со веќе објавен оглас којшто чинеше 10 милиони евра а со којашто требаше да се добие едно такво мислење за да може да искористи некој од актуелната власт. Затоа не зборувајте дека парите се во прашање, истакна Ели Панова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реплицирајќи на пратеничка на СДСМ Фаница Николоска при гостување во емисијата „Објектив“.

Панова додаде дека СДСМ не сака избори бидејќи знае дека ќе изгуби на истите.

„Ако Владата има пари за трошоци кои што се навистина непотребни тогаш не можеме да зборуваме дека државата не пристапува кон организирање на избори бидејќи немало пари“, нагласи Панова.

Посочи дека соседните држави организираа избори, ги спроведоа изборите, не е причина и Македонија да нема избори сега во моментов во ек на криза.

„Оваа држава ја води нелигитимен премиер и нелигитимен тим кој што час поскоро треба да замине од власт. Начинот на кој што се дојде до сето ова го знае целата македонска јавност. Преку киднапирање на пратеник и спречување на опозицијата да изгласа недоверба на Влада дојдовме до оваа ситуација каде што сме сега“, рече Панова.

Укажа дека Ковачевски нема способност да се справи со сета оваа криза која што се случува на Македонија.