Премиерот Димитар Ковачевски непојавувајќи се на суд и повикувајќи се на имунитет покажува дека лажел на говорница во парламентот и наместо да приложи документи се повикува на имунитет, но тој треба да биде човек со интегритет бидејќи е премиер. Многу ми е чудно што носител на функција мора да поседува интегритет, а на Ковачевски не може да му се верува и тоа е многу јасно, рече Ели Панова, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ говорејќи на вечерашната емисија Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа
Панова имено алудираше на тоа што премиерот се повикува на имунитет по тужбата на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајчи дека Ковачевски лажно го обвини Ковачки дека кодошел, крадел документи од АРМ, издавал информации и тргувал со информации со странски структури, по што Ковачки поднесе тужба за премиерот.
Според Панова многу е јасно кој е премиерот тоа е „човек за кој имаше огромна афера Пиксел груп и која не е истражена, за него има уверение зошто избегал од војска и слично“.
„Ова што го прави Ковачевски е демонстрација на моќ. Тој кажува дека на говорница ќе зборува се што сака, а другите ќе ги дискредитира или ќе ги дискредитира пратениците од опозицијата и од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Панова додавајќи дека за разлика од него пратениците на ВМРО-ДПМНЕ своите тврдења и тези било од пресови било од говорница во парламент ги докажуваат со аргументи, документи и слично.
Панова посочи дека ако има институции тие ќе влезеа во наведените фирми поврзани со премиерот и ќе имаше некаква реакција, но додаде таа „ние гледаме дека тие се семоќни и оти судството е партизирано, едноставно нема кој да постапува кога станува збор за корупција, а се поврзува со име не некој од власта“.
„Во изминатиов период виодовме дека обвинителот Љубомир Јовески не сака да постапува кога станува збор за некој од власта“, рече Панова.