Панова: По победата на локалните избори кадрите на ВМРО-ДПМНЕ за краток период покажаа дека добро се справуваат со проблемите, исто ќе биде и на државно ниво

ВМРО-ДПМНЕ ќе се проширува со нови кадри кои меѓу другото ќе ги решаваат проблемите и предизвиците во кои се наоѓа државата, рече пратеничката Ели Панова на вклучувањето во вестите на Македонската телевизија.

-Едноставно станува збор за старт на општествена мобилизација. Зошто? За да има луѓе кои ќе се справат со кризата, а во криза се сите области од енергетика до здравство, посочи Панова.

Според неа по победата на локалните избори се покажа дека луѓето од партијата добро се справуваат со предизвиците и проблемите.

-Ние мораме да најдеме повеќе луѓе да излеземе од кризата, а бидејќи новите генерации кои победија и за краток период покажаа дека можат да работат тоа значи и власта на државно ниво кога ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поработлива, кажа Панова.