Панова: СДС ја распарчуваше, крадеше и опустошуваше државата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја постави на нозе

Во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и заменик координатор на пратеничката група, го истакна значењето на улогата на партијата во новиот состав на Собранието во споредба со периодот кога беа во опозиција.

Според Панова, разликата е огромна. Во претходниот состав, тие работеа во опозиција во тешки услови.

„Ние бевме пратеничка група во претходниот состав од 44 пратеници, којшто бевме еден многу добар тим и кој функционираше беспрекорно со оглед на условите во длабока опозиција со влада која ја распарчуваше, крадеше и опустошуваше државата. Еве, видовме по седум години владеење каков пустош ја оставија и со што ние денес мораме да се соочуваме за да можеме државата да ја поставиме на платформа и здрави нозе“, рече Панова.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ има можност активно да учествува во законодавниот процес и да донесува одлуки.

 „Денес имаме можност да придонесеме кон законските решенија и динамиката на тоа како работи Собранието“, вели Панова.

Според Панова транспарентноста е клучна, преку воспоставување на нова пракса во која министрите доаѓаат во Собранието да ги образложат законите и потребите од нивното носење е значаен напредок.

„И во историјата не сме виделе дека министри, сите до еден, даваат отчети во секое работење, и да имате премиер кој секој ден излегува на телевизија и дава отчет“, кажа Панова.

Таа верува дека учеството на невладините организации и експертската јавност е исто така важно за донесување на квалитетни закони.

„Учеството од невладиниот сектор и експертската јавност, во исто време, и на сите пратеници кои имаат одреден интерес, кои што имаат интерес да партиципираат во законите, ќе биде една почетна основа од која што ние ќе кажеме дека ќе бидеме поразлични“, посочи Панова.

Панова нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ работи на воспоставување систем кој ќе ја врати довербата на граѓаните.

„Ние точно знаеме како треба да функционираме, да функционира државниот апарат. Сме немале систем досега, а полека почнуваме да воспоставуваме систем, а сето тоа треба да биде пресликано во Собранието“, заклучи Панова.