Пановски и Јовевски ги демантираат новите тврдења на ЛаВерита за случајот Рекет

Државниот обвинител, Љубомир Јовески и обвинителот во јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски, изјавија дека тврдењата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот со Меѓународниот сојуз на Боки 13 се „чиста шпекулација“.

„Наводите во текстот не се точни и од фактографски и од аспект на севкупното постапување на институциите во овој случај. На пример, обвинителката Вилма Рускоска во тоа време воопшто не беше шеф на обвинителството за гонење организиран криминал за некој преку неа да се обиде да влијае во случајот“, вели за „360 Степени“ обвинителот Наум Пановски.

Рускоска е избрана за шеф на ова обвинителство во ноември 2018 година, а постапувањето на институциите за случајот започнува кон крајот на 2017 година. Исто така, велат дека Управата за финансиска полиција веќе детално јавно го образложила постапувањето во случајот.

И покрај обидот со предвремени избори да ја избегне одговорноста и целата вина да ја насочи кон Европа, истрагaта за случајот „Рекет“ ќе биде последниот удар за иднината на македонскиот премиер Зоран Заев, пишува италијанскиот весник „ЛаВерита“.

ЛаВерита: Заев барал од Русковска да ги деблокира 750.000 евра од Силјан Мицевски