Пановски: Катастрофа е што јавна установа наплаќа тестови, се работи за пандемија, а не за козметички работи

На почетокот во првата емисија кога бев гостин, реков дека се гордеам со нашиот министер за здравство, но сега не се гордеам, вели епидемиологот доктор Никола Пановски во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.

Според доктор Пановски, катастрофа е што во време на здравствена пандемија, државата преку здравствените јавни установи им наплаќала на граѓаните за тестирање, укажувајќи дека се работи за инфекција пандемија, а не а козметичка работа.

-Тоа што почна државата да наплаќа тестови, а што е забрането мислам тоа е исто катастрофа. Јавна установа да наплаќа тестови за пари а се работи за пандемија за инфекција, не се работи за козметичка работа, вели тој.