Папа Франциск: Сиромаштијата не е неизбежна

Сиромаштијата не е неизбежна и дека сиромашните заслужуваат право на достоинствена работа, изјави папата Франциск при посетата на каменолом во Мадагаскар. Истовремено, тој го повика светот да излезе со нова развојна стратегија за борба против сиромаштијата.

При посетата на каменоломот, жители, студенти и работници излегоа на улиците за да го поздрават папата додека го минувал со автомобилот.

Папата Франциск вчера одржа неделна миса во главниот град на Мадагаскар, а многу верници кампуваа со денови за да обезбедат место за богослужбата, пренесува Би-Би-Си.