За време на денешната посета на џамија во главниот град на Централноафриканската република, Банги, папата Франциско изјави дека христијаните и муслиманите се браќа и ги повика да ги отфрлат омразата и насилството.
– Христијаните и муслиманите се браќа и сестри, нагласи папата обраќајќи се пред собраните во централната џамија во муслиманскиот дел на Банги, најопасното место на кое тој престојува за време на 24-часовната посета на таа земја, пренесува МИА.
– Оние кои веруваат во Бога мораат исто така да бидат луѓе на мирот. Заедно мораме да им кажеме не на омразата, одмаздата и насилството, а посебно на насилството кое се врши во име на верата и самиот Бог. Бог е мир, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.