Половина милион луѓе го дочекаа папата во Кито

Половина милион луѓе денеска во главниот град на Еквадор, Кито го пречекаа папата Франциско, кој ја почна осмодневната турнеја по Јужна Америка.

Папата им дозволи на верниците и да направат „селфи“ со него.

За денеска е предвидено папата Франциско да се сретне со претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа. Тој за време на посетата на Еквадор ќе го посети и најголемиот град Гвајакиле.

Поглаварот на Римокатоличката црква ќе ги посети и Боливија (од 8 до 10 јули), при што ќе претстојува во Ла Паз и во Санта Круз и Парагвај (од 10 до 12 јули), а ќе ги посети Асунсион и Какупе.

Планирано е да одржи 22 средби со верниците, така што оваа посета веќе е прогласена за најнапорна од кога 78-годишниот Франциско стапи на должноста.

Папата ќе ги посети една од најсиромашните приградски населби на Асунсион и еден од најопасните затвори во светот, Палмасол во Боливија, каде казна отслужуваат 3.500 лица, а каде во 2013 година, при еден судир меѓу затворениците, загинаа десетици лица.