Папата Франциско денеска ја почнува својата осумдневна турнеја низ земјите од Јужна Америка.
Тој денеска треба да пристигне во Еквадор, каде ќе престојува до 8 јули, а има намера првпат да ја посети и Боливија (од 8 до 10 јули) и Парагвај (од 10 до 12 јули)
Папата Франциско инаку со аргентинско потекло, има намера во текот на средбите со лидерите од јужноамериканските земји да укаже на проблемите на нееднаквоста и сиромаштијата.
Светските агенции во своите извештати наведуваат дека папата ќе посети три сиромашни латиноамерикански земји, кои многумина коментатори ги нарекуваат „периферија на периферијата“.
-Сакам да однесам порака на надеж, божна нежност и грижа, посебно за децата во неволја, возрасните, болните, затворениците, сиромашните, оние кои се жртви на културата на отфрлање, рече папата, а пренесе „Ностисијас 24“ (Noticias 24).
Меѓу темите во текот на посетата се наоѓаат и загриженоста за екологијата во Амазон, граничните конфликти и историјата на авторитарни режими, наведуваат американските медиуми.
Според податоците на американскиот Истражувачки центар „Пју“ , во Еквадору дури 79 отсто од населението ја исповеда католичката вера, во Боливија 77, а во Парагвај неверојатни 89 отсто.
Во Еквадор папата Франциско ќе ги посети Кито и најголемиот град Гвајакиле, во Боливија- Ла Паз и Санта Круз, а во Парагвај- Асунсион и Какупе.
Планирано е тој да одржи 22 средби со верниците, така што оваа посета веќе е прогласена за најнапорна од кога 78-годишниот Франциско стапи на должноста.
Папата ќе посети едно од најсиромашните приградски населби (сламови) на Асунсион и еден од најопасните затвори во светот, Палмасол, во Боливија, каде казна отслужуваат 3.500 лица, а каде во 2013 година, при еден судир меѓу затворениците, погинаа десетици лица.
Како што е најавено, папата во текот на посетата на Боливија има намера да проба џвакање лист од кока. Боливискиот министер за култура Марко Мачикао изјави дека за папата ќе биде подготвена кока од регионот Јунгас, како највкусна за џвакање.